mksqen
22
Чет, Мај
0 Нови / 7 дена

Ловот на слонови во опаѓање, но се` уште на алармантно ниво

Ловот на слонови во опаѓање, но се` уште на алармантно ниво

Типографија

Нелегалниот лов на африкански слонови заради слонова коска е во опаѓање откога достигна рекордни нивоа, но состојбата е се` уште алармантна, покажал најновиот меѓународен извештај.

Зголемениот број патроли во парковите на природата, подобрите форензички техники за пронаоѓање на сторителите, како и падот на корупцијта во Кина која е главен пазар на слонова коска, се наведени како дел од факторите што придонеле за ограничување на ловењето.

  • Има елементи на добри вести, но се` уште сме предалеку од тоа да кажеме дека сме успеале целосно да го завртиме трендот - вели Џон Сканлон, генерален секретар на Конценцијата за интернационалната трговија со загрозени видови, ЦИТЕС.

Околу 60 проценти од слоновите што биле пронајдени мртви во дивината во 2015 година биле убиени од ловокрадци поради слоновата коска, а само 40 проценти умреле од природна смрт или од други причини. Ова е пад од 80-те проценти регистрирани во 2011 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет